Романци денеска и утре гласаат на референдум за промена на уставната дефиниција на семејството, според која семејството би било дефинирано како заедница меѓу маж и жена.

Околу 19 милиони гласачи се повикани да се изјаснат за промената. За референдумот да биде валиден, потребно е да излезат 30 отсто од регистрираните гласачи.

Уставот на Романија сега вели дека бракот е заедница на сопружници, а иницијаторите на референдумот бараат бракот отсега да се дефинира како заедница меѓу маж и жена.

Од друга страна, критичарите на референдумот велат дека таквата промена на Уставот може да доведе до повреда на човековите права и да придонесе во дискриминацијата на хомосексуалците. Противниците на референдумот најавија бојкот, но според последните анкети, се очекува избирачите да гласаат за уставната измена.

Организирањето на референдумот претходно го поддржаа Романската православна црква, која им порача на граѓаните дека треба да се зачува бракот како заедница меѓу маж и жена. Ова гласање предизвика критики и од Европската Унија, која бара од Романија да ги исполни своите обврски во областа на човековите права.

Граѓанската иницијатива за промена на Уставот, е со цел да се детализира дека семејство се заснова врз основа на брак меѓу маж и жена, а не меѓу сопружници, како што е во моментов. Влијателната романска православна црква ја поддржува иницијативата. За да биде валиден на Референдумот треба да гласаат 30 отсто од регистрираните гласачи. Предложената промена ќе го спречи секој обид да се легализира истополовиот брак. Романскиот закон веќе ги забранува браковите од ист пол.