Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, а високите претставници на ЕУ се оптимисти дека „договорот за развод“ може да биде постигнат до крајот на годината. Едно од проблематичните прашања кое останува нерешено е контролата на границата со Ирска.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека е можно постигнување договор со Велика Британија за напуштање на ЕУ до крајот на 2018 година.

 

Ќе се обидеме да се договориме и во октомври, но мислам дека има шанси договорот да биде готов до крајот на годината“рекол Туск, пренесе Ројтерс.

 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер рече дека во последните денови е зголемена можноста за постигнување договор меѓу Британија и ЕУ и дека би можел да биде постигнат до ноември.