Врисокот на 14 годишниот син ги разбуди родителите , откако питон се обидел да го изеде.

Откако дотрчале во неговата соба, виделе питон долг три метри кој се замотал околу рацете на детето и му ги забил забите во раце, објави телевизијата Еј Би Си.

Сакаше да му ги изеде рацете, изјави мајката на детето

Питоните не се отровни, туку ја задушуваат својата жртва, а потоа ја голтаат, а можат да пораснат и до должина од 8, 5 метри .

Се боревме со питонот, а што повеќе се обидувавме, така неговите заби беа подлабоко и подлабоко, изјави мајката.

На крајот мајката зграбила пластичен објект, го втурната во устата на питонот,  додека татко ја повлекол главата на питонот и ја ослободил раката на детето.