Ракетата „Делта 4 Хеви” која на себе носи американски шпионски сателит вчера е лансирана од воздухопловната база Ванденберг, Калифорнија.

Лансирањето минатата година беше одложувано повеќепати од различни причини, меѓу кои истекување на хидроген, силни ветрови и проблеми со опремата за комуникација на Земјата

Ракетата “Делта 4” на ULA им служи на американските воздухопловни сили и на Националната разузнавачка канцеларија на САД за високо-приоритетни вселенски програми, со нејзиното влегување во службата во 2002 година.