Рускиот претседател Владимир Путин му посака на својот кинески колега Си Џинпинг среќен роденден и притоа му подари сладолед, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот Путин ја пофали укогата на Си Џинпинг во билатералните односи и укажа на неговата неодамнешна посета на Русија, истакна Песков.
Кинескиот претседател му заблагодари на Путин, со кој се наоѓа на економскиот форум во таџикистанскиот главен град Душанбе, порачувајќи му дека е многу популарен во Кина.
Пред неколку години кинески бизнисмени кои учествувале на истиот форум му кажале на Путин дека Кинезите многу го сакаат рускиот сладолед.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го прославува својот 66-ти роденден.
Comments are closed for this post.