Во рускиот град Сочи, претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска се договориле за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб долж линијата на фронтот меѓу бунтовничките сили и единиците на сириската армија.
Зоната ќе биде широка 15 до 20 километри. Се очекуваа и официјално да биде воспоставена до 15 октомври, а руски и турски војници ќе бидат испратени да патролираат долж неа.
Путин најави дека до 10 октомври од оваа зона ќе биде повлечено целото тешко вооружување на сириската армија, а дека Русија ќе бара повлекување на сите исламистички групи и од зоната.
Comments are closed for this post.