Европската мрежа на судски совети го суспендираше членството на националниот судски совет на Полска, што именува судии, а како причина е наведено слабеењето на независноста на полскиот судски огранок.

Екстремните околности го направија тој чекор потребен, соопшти Европската мрежа на судски совети, изразувајќи жалење поради тоа.

Полската владејачка Партија на правото и правдата, во изминатите три години усвои закони, коишто на тоа тело му даваат нови овластувања во однос на судскиот систем, а новото законодавство принуди многумина судии од Врховниот суд предвреме да се пензионираат.

Полска е една од основачите на Европската мрежа на судски совети.