Супертајфунот Мангкут, кој со разурнувачка сила го погоди Хонг Хонг, зад себе остави застрашувачки слики на уништување. Во градот живеат повеќе од седум милиони луѓе, а многумина од нив, на социјалните мрежи поставија видеа коишто го прикажуваат хоророт што го преживуваат.

На снимките може да се забележи како се нишаат цели згради, а речиси да нема објеклт на кој не му се искршени прозорците. Силината на тајфунот е толку голема, што дури има и луѓе што „летаат“ по улиците.

Освен Хонг Конг, тајфунот најсилно ги погоди Филипините и Кина. Во неговиот налет досега животите ги загубија повеќе од 70 луѓе, а десетици се водат за исчезнати.