Рускиот претседател, Владимир Путин ќе побара објаснување од американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, за најавата на Вашингтон за повлекување од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Тоа го соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин ќе оствари средба со Болтон, кој ќе допатува во Москва.

Претходно, голем број високи официјални руски лица јавно го искажаа своето незадоволство од најавата на Трамп и предупредија дека нејзиното реализирање може да предизвика сериозна опасност за светскиот мир.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел, затоа што, како што рече, Москва ја прекршува спогодбата.