Во Посла синоќа се одржаа протести против омразата и насилството, како одговор на убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович.
Адамович почина вчера откако завчера беше прободен со нож на хуманитарен настан на невладина организација.
Во Варшава се собраа илјадници луѓе под слоганот „Стоп за омразата“, а слични протести се одржаа и во другите градови на Полска.
Претседателот на Европскиот совет и поранешен полски премиер, Доналд Туск, пред насобраните граѓани во Гдањск рече дека ќе го ослободат градот од омразата.
Ти ветувам драги Павел дека за тебе ќе го ослободиме од омразата нашиот Гдањск, нашата Полска и нашата Европа, рече Туск.
People of #Gdansk came and gathered to remember tragically assassinated mayor Adamowicz. Similar events happened all around Poland.
Hate cannot win!
(Picture of crowd from Gdańsk, other is one of most recognizable buildings in Warsaw during local rememberance service.) pic.twitter.com/3ZwwPzOacs— Maximilian Czekalski (@MaxCzekalski) January 14, 2019
Полскиот министер за здравство, Лукаш Шумовски, изјави дека Адамович им подлегнал на повредите и покрај напорите на лекарите кои го оперираа пет часа.
Напаѓачот, пред да биде уапсен, на бината ја обвини партијата на градоначалникот, позициската Граѓанска платформа (ПО), дека го сместила во затвор каде што бил малтретиран.
The citizens of #Gdańsk were saying Goodbye to their former mayor Paweł Adamowicz last night who was assassinated.
Credits: aerovideo pic.twitter.com/isTdEXzcLQ
— Europe Today (@EuropeTodayET) January 15, 2019
“I want to promise you today, dear Pawel, that for you & for all of us, we will defend our #Gdansk, our #Poland & our #Europe from hatred & contempt.”
Donald Tusk @eucopresident joins tens of thousands united in grief over assassination of #PawelAdamowiczhttps://t.co/hTyYZkc5RY pic.twitter.com/KiQqeZxElr
— Lotte Leicht (@LotteLeicht1) January 15, 2019
Comments are closed for this post.