По повеќе од две години напорни преговори откако Британците на референдум изгласа излегување од Европската унија, Брегзит, преговарачите конечно излегоа од ќорсокакот и го финализираа нацрт-договорот. Британската премиерка по четирачосвна дебата со својот кабинет вечерва конечно добила едногласна поддршка.

Ова е договор кој се однесува на милиони луѓе кои гласаа за излез од ЕУ – рече Меј пред Даунинг стрит 10.

Нацрт-договорот најверојатно ќе биде потврден на специјален самит на ЕУ кон крајот на мкесецов.

Меј изјави дека одлуките се тешки, но и дека резултатот е најдобриот возможен.

Од тука сега одиме понатаму – истакна таа.

Едно од клучните прашања кое беше пречка за договор, тоа со ирската граница е решено, па така меѓу Ирска и Северна Ирска нема да има „тврда граница“, како што тоа го налагаат правилата на ЕУ.