Се судрија две тешки, тврдоглави жени, од кои едната сепак остави вредна трага во историјата, додека другата и не баш…

Вака хрватски „Експрес“ го почнува текстот за конфликтот во Белата куќа, насловен „Хрватско-словенечка војна во Белата куќа“, при што се мисли на војната меѓу првата дама на САД, Меланја Трамп (Словенка), и заменичката на советникот за национална безбедност, Мира Рикардел (Хрватка). Имено, Меланија отворено побарала Мира да биде сменета затоа што не ја поднесувала и со тоа да се направи преседан за прв пат во 242 години историја на САД да се избрка заменичка на советник за национална безбедност.

Така, драмите во Белата куќа продолжуваат, а овој пат портпаролката на Меланија, Стефани Гришам во вторникот соопшти: „Став на канцеларијата на првата дама е дека таа (Мира Рикардел) повеќе не заслужува да ја извршува  должноста во Белата куќа“.

Но, како што пишува „Експрес“, американските медиуми во оваа бомба, заборавиле една важна работа, а таа е дека и двете дами потекнуваат од Балканот.

Како дошло до ова нетрпение?

Извори велат дека женскиот конфликт почнал додека Меланија била на африканска турнеја при што ги посети Гана, Малави, Кенија и Египет. Проблемот настанал кога Рикардел патувањето го најавила уште пред тоа целосно да биде испланирано, а „Њујорк тајмс“ напиша дека во тој момент „Меланија полудела“ . Кога, пак, Мира разбрала дека на турнејата во авионот нема место за неа, таа на Меланија и се заканила дека ќе и ги скрати парите, што изгледа запалило, па потоа се нашло седиште во авионот.

Дали се ова вашингтонски рекла-казала разговори и не е најважно, но факт е дека Мира во тие кругови е позната како тврдоглава особа, тешка бирократка склона кон кавги. Важи за тврдокорна републиканка на линија на „Регановиот републиканизам“. Во времето на Џорџ Буш, била во кабинетот на Доналд Рамсфелд. Добро котира и кај Трамп.

Во политиката ќе се катапултира во 1989 година кога работи со Боб Дол, а за време на војната во Југославија ќе дојде до израз нејзиното потекло – Хрватка од Босна и Херцеговина, која го знае јазикот и културата и историјата на регионот. Но, во тоа време на Боб Дол му забележуваат на неговите „антисрпски ставови“, заради потеклото на Мира Раѓеловиќ Рикардел. Токму Дол е меѓу првите кои заговраат воена интервенција на САД на Балканот. Нејзиниот татко за време на Втората светска војна бил усташ. Во Америка пребегал во 1954 година, забележува „Експрес“.

До сега во американската политика никој, барем јавно, не ја оспорил Мира Рикардел, односно не се запрашал за нејзиното потекло. Дури добро котирала и во администрацијата на Трамп, па дури успеала да блокира неколку номинации кои ги барал во својот кабинет министерот за одбрана, Џејмс Матис, познат под прекарот „бесно куче“. Во еден момент полудел и Матис, па му рекол на Трамп „или таа, или јас“, но претседателот ги задржува и двајцата.

Во Кенија со бел шлем, симболот на колонијалистите

Но, работите не се исти кога жена ќе удри на жена. Меланија не можела да премине преку тоа кога Мира ја пријавила кај претседателот заради нејзнно недолично однесување во Африка.

Се мисли на скандалот во Кенија каде Меланија носеше бел шлем, симбол на колонистите.

Засега и Меланија и Мира се во Белата куќа, судирот не е решен. Двете жени остануваат во иста резиденција во една наелектирзирана атмосфера.