Неколку дена откако стана портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам го придружуваше претседателот Доналд Трамп на пат во Азија.

Трамп историската средба со Ким ја одржа во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, а Гришам, за жал, заработила неколку модринки.

Дошло до туркање на севернокорејските телохранители и репортерите кои сакале да му се приближат на Трамп и Ким и да го засведочат моментот на ракување.

Тогаш обезбедувањето реагирало и на портпаролката на Трамп која се обидувала да им помогне на американските новинари да ја добијат најдобрата позиција од која ќе ја направат историската фотографија.

Во преносот во живо можеше да се чуе како сите се туркаат и Гришам која им дава упатства на новинарите.