Во Пекинг е завршена изградбата на меѓународниот аеродром Дасинг, кој според бројот на патници ќе биде најголем аеродром во светот.

Аеродромот е оддалечен 46 километри од центарот на Пекинг, опфаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а територијата на која се наоѓаат терминалите е со големина на 25 фудбалски игралишта, пренесуваат кинеските медиуми.

Предвидено е официјално да почне со работа на 30 септември.

Аеродромот има облик на ѕвезда.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, тој треба да ја олесни работата на пренатрупаниот аеродром во Пекинг.

До 2025 година, на годишно ниво се предвидуваат 72 милиона патници, 620.000 летови, а до 2040 година, предвидувањата се за 100 милиона патници и 880.000 летови.