Русија драстично го засили своето воено присуство на границата со Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

Тој предупреди дека во вакви услови постои опасност од „тотална војна“ меѓу Украина и Русија.

Бројот на тенковите во (руските) бази, што се наоѓаат на нашата граница, се зголеми тројно, истакна Порошенко.

Според него, во исто време, драстично е зголемен и бројот на руските војници распоредени долж границата со Украина.

Претходно денеска, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина.
Не гледам никаква причина за какви било посредници, изјави Лавров.