Најмалку 18 лица, повеќето деца од школска возраст и наставници, настрадаа денеска во поплава предизвикана од обилни дождови во Јордан, во близина излетничко место на Мртво море.
Повеќето од загинатите се деца под 14 години.
Jordan: A bus carrying 37 children and 7 teachers was swept away in floods near the Dead Sea, at least 14 were killed and 22 were injured, many are still missing, the IDF sent a team to assist the Jordanian authorities with the searches. pic.twitter.com/3VJ6SOsEqa
— News On The Minute (@NewsOnTheMin) October 25, 2018
Полицијата соопшти дека повеќе од 40 лица се спасени, меѓу нив има тешко повредени. Во операцијата за спасување учествуваат стотина војници. Помеѓу настраданите и повредените се и семејства кои биле на пикник во популарната дестинација, соопштуваат спасувачите.
Јорданските државни медиуми јавуваат дека кралот Абдулах го откажал патувањето во Бахраин за да го следи развојот на спасувачката операција.
Се стравува дека бројот на жртви ќе расте.
Ten killed in Dead Sea flash floods, search for missing ongoinghttps://t.co/5UYrRskz3t #jordan #jo #amman #الأمطار #الدفاع_المدني pic.twitter.com/vsj3ihZu5l
— The Jordan Times (@jordantimes) October 25, 2018
Израел испрати хеликоптери за пребарување и спасување во Јордан, соопшти израелската војска. Израелски тим, кој е испратен на барање на Аман, оперира од јорданската страна на Мртво море, се наведува во соопштението.
Comments are closed for this post.