Одборот на британскиот парламент задолжен за медиуми соопшти дека јавниот сервис Би-Би-Си не ја исполнил својата обврска еднакво да ги плаќа мажите и жените за иста работа.

Во соопштението парламентарната група наведува дека системот на плати кај Би-Би-Си е поставен на „злобен систем на дискреционо право на менаџерот“.

Сервисот настојува да го реши проблемот кој до јавноста допре кога новинарката Кери Грејси си поднесе оставка, на местото уредник на редакцијата за Кина, во знак на протест заради разликата во плата по основ на пол.

Би-Би-Си јавно и се извини на новинарката Кери Грејси

Јавниот сервис потоа призна дека и плаќал помалку отколку што требало и се одлучи „да ја среди работата“ со корекција на платата. Новинарката целата сума пари ги донираше во фонд за родова равноправност.