Полицијата во Белгија имала полни раце работа, откако ја прекинала забавата по повод 28 роденден на една Французинка. Наместо нормална забава затекнале оргија со 50 гости, меѓу кои имало и проститутки. Според тамошните медиуми, полицијата дошла во селото Сен-Мар во саботата откако добила пријави дека се слуша гласна музика од една од викендичките. Мислеле дека околу 20-ина луѓе прават забава, но кога стигнале виделе дека има всушност 50 лица, сите државјани на Франција и сите голи.

Сите биле дел од роденденската забава на 28-годишна Французинка и сите, наводно дале по 250 евра за алкохол, дрога и проститутки кои биле дел од забавата. Според “The Brussels Times”, најмалку едно лице е упасено заради поседување „гас за смеење“, како и други дроги.

Инаку, викендичката била во сопственост на Фламанец кој не знаел зошто се користи истата.

Неодамна во Брисел беше извршена рација, а во геј оргии наводно беше фатен и соработник на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, Јожеф Шајер. Во тој упад се уапсени 25 лица.

Собирањата во Белгија се забранети во рамки на мерките за борба против корона вирусот.