По долго и тешко боледување, почина началникот на руската воена разузнавачка служба (ГРУ) Игор Коробов, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на соопштение на руското Министерство за одбрана.

Коробов е роден во 1956 година. Во 1977 година ја завршил школата за воени пилоти по што служел во авио=полкот во Архангелск. Од 1980 година е во ГРУ. Работел со задграничната резидентура. На чело на ГРУ застанува во јануари 2016 година, по смртта на неговиот претходник Игор Сергун. Коробов раководел со активностите на руските разузнавачи во воената операција во Сирија.

На крајот на септември беше ставен на црната листа на американскиот Стејт департмент.

Само пред две недели, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е крајно време службата во своето име да си го врати зборот разузнавачка и одново да се вика Главно разузнавачко управување. ГРУ работи во услови на неколку скандали, вклучувајќи го труењето на Скрипал и сајбер ударите во САД. Лондон и Вашингтон за нив директно ја обвинија службата.