Пратениците на владејачката полска партија „Право и првада“ подготвиле и го испратиле во парламентарна процедура законскиот проект за измени на Законот за врховниот суд, пренесуваат светските агенции. Со тоа Варшава отстапува пред притисокот на ЕУ заради спорните промени, што предизвикаа масовни протести во државата против владејачката партија.

Во септември, Европската комисија ја изнесе Полска пред Европскиот суд заради направените промени во сферата на Врховниот суд. Конзервативната полска влада со нив предвидуваше намалување на старосната граница од 70 на 65 години за пензионирање на судиите во Судот. Со примената на одлуката, над 20 врховни судии (околу една третина од вкупниот број) беа принудени да ги напуштат своите позиции, наспроти протестите организирани против неуставната промена.

Според предложените измени, судиите кои биле пензионирани ќе можат да продолжат да работат во Судот, иако нивното пензионирање ќе остане во сила.