Британската Конзервативна партија на премиерката Тереза Меј е на петто место според анкета пред изборите за Европарламентот на 23 мај.

Во анкетата на ЈуГов по барање на весникот Тајмс, води новата партија „Брегзит” на евроскептикот Најџел Фараж со 34 отсто додека конзервативците имаат поддршка од само 10 отсто.

На изборите опозициската Лабуристичка партија може да смета на поддршка од 16 отсто гласачи, а либералдемократите и зелените се очекува да  добијат 15 односно 11 отсто поддршка