Долгоочекуваната обиколница во центарот на Ван Чај, Хонг Конг, обезбеди непречено возење откако се отвори за сообраќај во неделата наутро, но познавачите од индустријата велат дека вистинскиот предизвик доаѓа со понеделничкиот утрински сообраќаен метеж.
За изградба на обиколницата беа потрошени 4,6 милијарди долари, а за изведба и спроведување на инфраструктурниот проект потребни биле десет години.
Обиколницата е долга 4,5 километри од кои 3,7 километри се тунел кој го поврзува северниот со централниот дел на Хонг Конг. Тунелот делумно е поставен и под вода, со по три сообраќајни ленти.
Целта е да го олесни сообраќајот во централниот дел на мегаполисот, а минувањето низ тунелот ќе биде бесплатно.
Објектот има уникатен систем за вентилација и прочистување на воздухот, која отстранува до 80 проценти од штетните честички во издувните гасови и е во состојба да филтрира за еден час до 5,4 милиони кубни метри воздух.
Comments are closed for this post.