Концентрацијата на богатството во 2018 година е уште повеќе зголемена и 26-мина милијардери веќе располагаат со толку пари, со колку што располага и половината население во светот. Ова се посочува во извештајот на невладината организација „Оксфам“.

Вкупното богатство на милијардерите во светот минатата година се зголемило за 900 милијарди долари или за 2,5 милијарди долари дневно, а состојбата на половината светско население е полоша за 11 отсто.

Бројот на милијардерите од финансиската криза во 2008 година до денес се удвоил, посочува невладината организација. Најбогатите се фаворизирани не само со подобрувањето на нивната состојба, туку и со најниските даноци во последните децении.

Во светот, 26 луѓе располагаат со толку пари колку и 3,8 милијарди сиромашни на планетата. Во 2017 година, пак, имало 43 најбогати. Најбогатиот човек во светот Џеф Безос, претседателот на „Амазон“, минатата година стигнал до богатство од 112 милијарди долари. За споредба, буџетот за здравтво на Етиопија изнесува 1 процент од неговото богатство.

Годишниот ивештај зе неднаквоста во светот беше објвен во пресрет на Светскиот економски форум во Давос, што ќе се одржи од 22 до 25 јануари.