Пет луѓе загинаа, а 20 други се повредени при судир на два автобуса во југозападна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
До судирот дошло во регионот Воронеж, недалеку од Новаја Усман, јужно од Москва, до каде што патувале двата автобуса.
Судирот се случил кога автобусот застанал поради технички проблем, по што наишол другиот автобус и удрил во него, соопштија од руската полиција.
Првичните извештаи за несреќата наведуваа дека повредени биле околу четириесетина луѓе.
Comments are closed for this post.