Три лица се повредени и пренесени во болница откако автомобил удрил во пешаци пред исламски граѓански центар во северозападниот дел на Лондон, јавува радиото ЛБЦ.

Радиото на Твитер објави дека полицијата е „отворена за сите верзии во врска со причината за несреќата“. Првичните информации од лондонската полиција се дека овој инцидент се третира како насилство поради омраза.

Радиото наведува изјави од обезбедувањето на џамијата, кои наведуваат дека биле информирани за четворица коишто пиеле во паркиран автомобил. Кога од нив било побарано да го напуштат приватниот паркинг, тие почнале да ивикуваат исламофобски коментари по што дошло до конфронтација со присутните во центарот.

Во тој момент луѓето од автомобилот додале гас, удриле во пешаците, по што заминале.