Пентагон одобри трансфер од една милијарда долари на воените инженери за изградба на нов ѕид долж границата со Мексико.
Ова се први одобрени средства во склоп на вонредната состојба која ја прогласи претседателот Доналд Трамп во обид да го заобиколи Конгресот и да изгради ѕид кој го вети во предизборната кампања.
Овие средства ќе бидат искористени за изградба на ѕид во должина од 91 километар. Освен „ограда за пешаци“, средствата ќе бидат искористени и за поправка на патот и осветлување.
Трамп ситуацијата на јужната граница ја опиша како „кризна“ и инсистира на потребата од физичка бариера како би се спречил влезот на криминалци во САД. Критичарите на Трам велат дека тој ја измислил вонредната ситуација, пренесува Би-Би-Си.
Comments are closed for this post.