Пред неколку илјади верници, гости и туристи од целиот свет на римскиот плоштад „Св.Петар“ папата Франциск го одржа последното обраќање за 2018 година.

Папата ги повика сите да се молат „за семејствата во светот, особено за оние кои од различни причини се лишени од мир и хармонија“.

Во политичкиот дел од говорот тој ги повика верниците да се молат за настраданите од насилствата и епидемијата од ебола во Конго, каде денеска се одржуваат и избори.

Папата Франциск изрази надеж дека политичарите во државата ќе се ангажираат за да ги поддржат напорите за мир, што ќе овозможи спроведување на регуларни и мирни избори. Неколку илјади верници, гости и туристи силно аплаудираа на желбите на папата за новата 2019 година.