Папата Франциск внимателно ја следи состојбата во Венецуела и Ватикан ќе ги поддржи сите напори кои ќе стават крај на страдањата на народот во таа земја, соопштија од Ватикан.

Папата се моли за жртвите и за целиот народ на Венецуела. Светата столица ги поддржува сите напори кои ќе стават крај на страдањата на населението, се наведува во соопштението.

Ватикан не се изјасни „на чија страна е“ во случувањето во оваа јужноамериканска држава, односно дали го поддржува претседателот Николас Мадуро или самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.

САД, Канада и други држави во Латинска Америка го признаа Гуаидо за претседател, додека други земји, како Русија, Кина, Турција и Иран легитимитетот му го даваат на сегашниот претседател, Николас Мадуро.