Пакистан го одби барањето индискиот премиер Нарендра Моди да помина низ воздушниот простор на земјата на лет за Германија, соопшти денеска шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куреши.
Тој наведе дека со оглед на ситуацијата во „окупираниот“ Кашмир одбиено е барањето авионот на Моди в петок да помине низ воздушниот простор на Пакистан и при враќањето од Германија следната недела.
Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Равиш Кумар изјави дека тоа е вторпат во рок од две недели да се одбие барање на највисоки индиски претставници да летаат низ пакистанскиот воздушен простор.
Пакистан би требало да размисли за својата одлука, отстапување од меѓународната пракса и да ја преиспита својата стара навика да дава лажни причини за своите еднострани акции, посочи Кумар.
Одлуката на Исламабад дополнително ќе ги влоши односите помеѓу Пакистан и Индија, што се веќе тензични по одлуката на Њу Делхи да го укине специјалниот статус на Кашмир.
Comments are closed for this post.