До железничката несреќа во која животот го загубија шест, а повредени се 16 лица, дошло заради пакети пиво кои испаднале од товарен воз кој на пругата поминал пред патничкиот, јавува Ројтерс.
Од Данската државна железница претходно потврдија дека шест лица загинале, а несреќата се случила кога патничкиот воз со 131 патник кој се движел кон престолнината Копенхаген, удрил во товар кој се наоѓал на железничката линија.
Официјално лице кое работи на одржување и контрола на железницата изјавил дека патничкиот воз прво удрил во нешто што личело како церада, наведува британската агенција.
На видео снимка и фотографии се гледа товарен воз кој превезува пакети пиво од данската марка „Карлсберг“, а портпаролот на таа фирма потврдил дека теретниот воз превезувал нивно пиво.
До несреќата, како што се наведува, дошло и заради невремето проследено со силен ветер.
BREAKING: Six people have died in a train accident on a bridge in Denmark.
Follow the latest here: https://t.co/3L3GWh8MdF pic.twitter.com/InFIvYmqLz
— Sky News (@SkyNews) January 2, 2019
Comments are closed for this post.