Белгија стана европски центар на шверцот на кокаин. Антверпен учествува со 40 отсто од сите заплени кокаин во Европа, бидејќи ова белгиско пристаниште стана влезна точка за јужноамериканскиот кокаин.
Но, клучна улога во овој нелегален бизнис имаат криминалните организации од Западен Балкан, претежно од Хрватска и Албанија, тврди Економист, кој направи извештај за тоа.
Количината на запленета дрога во Европа постојано се зголемува. Само во Антверпен минатата година биле запрени 80 тони кокаин, а во 2016 година бил само 30 тони. Последиците од ова се корупцијата на локалните и националните функционери и насилството на улиците
Comments are closed for this post.