Малолетни деца, меѓу кои има и деца на 8-годишна возраст, учат да убиваат Руси и нивни поддржувачи во еден камп што го формирала украинската радикална група, „Азов“, објавува агенцијата Асошиејтед Прес.

Новинари на АП го посетиле овој камп што се наоѓал скриен во шума во Западна Укаина и во кој децата вежбале да ракуваат со автоматски пушки. Целта на тој камп и тие слични на него, како што пишуваат од агенцијата, е да се обучат децата за одбрана на земјата и да се прошири националистичката идеологија.

Украинските националисти, коишто често се поврзувани со насилство и неонацистичка идеологија, се најбројни во доброволските одреди што се борат против проруските бунтовници  на Истокот на земјата и имаат силни врски со владата во Киев.

Претходно годинава, украинското министерство за млади и спорт одвои четири милиони гривни, околу 150 илјади долари, за финансирање на некои од младинските националистички кампови.