Бројот на жртви во огромниот пожар во Калифорнија се искачи на 31 откако окружниот шериф, Кори Хони, соопшти дека биле пронајдени телата на пет луѓе  во кучите и во едно возило во градот Парадајз. Притоа, шерифот додаде дека од избивањето на пожарот во четвртокот, се трга за уште 228 луѓе.

Агенциите објавуваат дека околу 250 илјади луѓе добиле наредба да се евакуираат за да избегнат директна опасност од пламените јазици.

Голем проблем во напорите на пожарникарите да се справат со огнената стихија се и сувите и топли ветрови „Санта Ана“ што дуваат во внатрешноста на државата, коишто го поттикнуваат огинот. Тој ветер е и една од причините што овој пожар стана најразорниот во историјата на Калифорнија, со повеќе од 6.700 уништени куќи.