Новата премиерка на Данска, Мете Фредериксен денес го објави составот на новата влада. Фредериксен која има 41 година е најмладиот премиер и втора жена во историјата на земјата која ќе ја извршува таа функција.

Седум министри во кабинетот од вкупно 20, се жени, а меѓу нив е и 38-годишната Трине Брасен која ќе го раководи секторот одбрана.

Денеска кабинетот треба да биде примен од кралицата Маргрет пред да ја преземе должноста.

Фредериксен која е од социјалдемократската партија вчера објави дека е формирана новата влада заедно со три помали  левичарски партии.

По Финска и Шведска, Данска е третата скандинавска земја во која е формирана левичарска влада.