Германската канцеларка Ангела Маеркел пак се стресе, овојпат утринава на официјална церемонија на назначувањето на новиот министер за правда во Берлин, пишува Билд.

Заедно со претседателот Франк-Валтер Штајнмајер во неговата официјална резиденција, Меркел е снимена со рацете под градите, додека нејзините нозе забележливо трепереле.

Видеото го објави Билд заедно со информацијата за тоа што се случувало. Притоа, маж и донел вода, но таа го одбила.

Шпекулациите за здравствените проблеми на Меркел се појавија откако таа беше забележана како се тресе при пречекот на новиот украински претседател Володомир Зеленски во Берлин минатата недела. На прес-конференцијата потоа, таа објасни дека тоа се должело на дехидрација.

Испив барем три чаши вода за што очигледно имав потреба,а сега сум добра, рече таа.