Новата премиерка на Данска, Мете Фредериксен денес го објави составот на новата влада. Фредериксен која има 41 година е најмладиот премиер и втора жена во историјата на земјата која ќе ја извршува таа функција.
Седум министри во кабинетот од вкупно 20, се жени, а меѓу нив е и 38-годишната Трине Брасен која ќе го раководи секторот одбрана.
Денеска кабинетот треба да биде примен од кралицата Маргрет пред да ја преземе должноста.
Фредериксен која е од социјалдемократската партија вчера објави дека е формирана новата влада заедно со три помали левичарски партии.
По Финска и Шведска, Данска е третата скандинавска земја во која е формирана левичарска влада.
Comments are closed for this post.