Владејачката унгарска партија Фидеш и премиерот Виктор Орбан го освоија целиот плен на европскуте избори – излезните анкети предидуваат дека тој освоил 56 проценти од гласовите. Така казџнетиот Орбан од народните партии доби плус пет проценти споредено со претходните избори и тој сега е на пат комплетно да излезе од ЕПП и да формира тврд десничарски блок со Италијанецот Матео Салвини и Французинката Марин ле Пен.

Во Грција нема изненадување – опозициската Нова демократија е во водство од 6-8 проценти пред владејачката Сириза. За изнеадување е неофашистичката Златна зора, која сепак остана трета партија по силина, а во ЕП свои пратеници ќе имаат и комунистите од ККЕ.

Во Германија најмногу загубија ЦДУ/ЦСУ и СПД, а профитираа Зелените за цели десет проценти. ЦДУ е се уште насилна партија, таа ќе има 26 седишта во ЕП, ЦСУ, сестринската партија од Баварија – 6, СПД – 15, АФД, ултрадесничарска партија – 11 седишта, либералите ФДП – 5 како и левицата Линке – 5.