Претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој гласаше на денешните европски избори, укажа на важноста на овие избори и ги повика сите Европејци да гласаат.

Тој објави фотографија на Твитер од неговото избирачко место.

– Само што гласав. Гласајте како да е пресудно. Секој глас се брои, рече Јункер на Твитер.

Во 2014 година, како водечки кандидат на Европската народна партија,  Жан-Клод Јункер доби најголема поддршка од гласачите на европските избори. По одлуката на Европскиот совет и ратификацијата во Европскиот парламент, Јункер беше назначен за претседател на Европската комисија за периодот од 2014 до 2019 година.