Истражители на Обединетите Нации денеска изјавија дека израелски војници намерно пукале на цивили и дека можно е да предизвикале злосторство против човештвото, кога се спротиставија на палестинските демонстранти во протестите во појасот на Газа минатата година кога загинаа 189 луѓе.
Независна истражна комисија формирана од Советот за човекови права со седиште во Женева, наведе дека повеќе од 6.000 луѓе се погодени со боева муниција со цел да се избркаат демонстрантите од граничната ограда.
Денеска е соопштено дека се убиени и ранети цивили кои не претставувале „непосредна закана“.
Исто така се наведеува дека била употребена прекумерна сила и насилство, но дека тоа не биле борбени акции, со што во основа се отфрла израелското тврдење дека станува збор за „терористички активности“ на палестински вооружени групи.
Комисијата го критикуваше и исламскиот екстремистички Хамас кој владее со појасот Газа, дека не спречил употреба на змај-летала со запалив материјал. Змаевите за време на протестот се пуштани преку граница на израелска територија за да предизвикаат пожари.
Comments are closed for this post.