Оклопните возила на француската жандармерија кои биле користени во мисијата на Косово, за прв пат во сабота ќе излезат на улиците на Париз, пишува дописникот на „Вечерњих новости“ од Париз.

Како што се наведува, таквата одлука е донесена по настојувањето да се спречи конфликт и жртви во бунтот на „жолтите елеци“

Станува збор за 12 блиндирани мобилни орудија на тркала, кои се употребуваат многу ретко. Биле користени во поранешни немири во предградијата, но никогаш на авениите и булеварите во главниот град. Овие возила, меѓу другото служат за разбивање барикади, отпорни се на оган и молотови коктели и лесно се маневрира. Се движат со брзина и до 85 километри на час, што е од значење бидејќи протестот ќе се одвива на повеќе локации. Регистрирани се дури 14 невралгични точки, од Триумфалната капија и Елисејските полиња, преку сенатот и собранието, до Плоштадот на Републиката, се наведува во текстот на Горан Чворовиќ.

Горан додава, дека градот на секаков начин се подготвува за најавената бунтовничка бура.

Градските власти одстранија се она што може да се најде во налетот и да се искористи за правење барикади. Истовремено, вратите се заклучени во обете париски опери, Ајфеловата кула, сите музеи, но и фискултурни сали, плоштади, пишува Горан.

Се додава и дека портпаролот на умерените „жолти елеци“ Бенжамен Коши, кој во петокот очекуваше да биде примен од претседателот Макрон, истакна дека не добил никаков одговор од шефот на државата.

„Власта го обвинува дека сака да предизвика хаос, а Емануел Макрон дека останал затворен во својот дворец. Претседателот би можел конечно да се обрати на јавноста, но дури следната недела“, заклучува во текстот.