Две лица загинаа, а над дваесетина се повредени во пожар во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.

Огнот, кој избувнал рано утрината, принудил 60 вработени во одморалиштето, меѓу кои имало и странци, да се евакуираат од зградата, пишува Гардијан.

Според властите, пожарот почнал околу 4.30 часот на третиот кат на зградата каде што биле сместени сезонските работници, во центарот на алпското гратче.

Пожарникарите пронашле две тела во изгорената зграда. Тројца од четворицата сериозно повредени луѓе биле однесени во болница со хеликоптер.

Причината за пожарот се уште не се знае.