Унгарско – американскиот филмски продуцент Ендру Вајна почина во 74. година, соопшти Унгарскиот национален филмски фонд.

Вајна, меѓу другото, беше извршниот продуцент на повеќе филмови од серијалот „Рамбо“, а го продуцираше и филмот Евита со Мадона во главната улога.

Ценетиот филмски продуцент починал во својот дом во Будимпешта после долго боледување.

Беше сопственик на ТВ2 Груп, која поседува повеќе тв канали.

Вајна од 2011 година во владата на премиерот Виктор Орбан беше задолжен за развојот на унгарската филмска индустрија.