Танкер со нафта со знаме на Велика Британија е запленет од иранските погранични власти по „инциндент“ со ирански рибарски брод во теснината Хормуз, соопштија иранските власти.

Британскиот брод „Стена Имперо“ бил конфискуван од иранската Исламска револуционерна гарда во петокот ноќта. Според Техеран, танкерот е запленет затоа што се движел кон ирански рибарски брод и не одговорил на „предупредувачки сигнал“, изјави директорот за пристаништа и пловидба на провинцијата Хормозган.

На бродот кој е запленет има 23 членови на екипажот и тие не смеат да го напуштат танкерот додека не заврши истрагата, соопштија ирански претставници. Иранската Прес ТВ, вели дека танкерот продолжил да се движи и после неколку предупредувања и оти од него истакува нафта.

Секретарот за надворешна политика на Велика Британија, Џереми Хан го осуди запленувањето на танкерот, велеќки дека тоа е „неприфатливо“ и вети „жесток“ одговор.

Исто така се огласија и САД кои побараа „веднаш“ да биде ослободен и бродот и неговиот екипаж.

Бродот е во сопственост и со него работи шведската компанија „Стена Балк“. Во екипажот се наоѓаат 18 Индијци, а другите се од Русија, Латвија и од Филипни.

Холандскиот јавен сервис објави дека веднаш по инцидентот американски војници се испратени во Саудиска Арабија.

На прв поглед се чини како Западот и Иран да се во војна, но во супштина станува збор за провокации кои имаат за цел да се исчисти образот и на двете страни, вели експерт за НОС.

Ова е вознемирувачко. Но, сметам дека дека ова нема да отиде кон голем конфликт. Иранците мораа да одговорат за бродот што им беше запленет од Британците во Гибралтар. Тие ја чуваат екслацијата на ниво што може да се контролира“, изјави воениот експерт Дик Занде од Институтот Клингенал во Хаг.