Сите кои пристигнуваат во Португалија од денеска мора да носат негативен резултат на PCR-тест извршен до 72 часа пред да се качат во авион. Исклучок се прави само за деца до 24 месеци, соопшти Министерството за надворешни работи.

Оние граѓани на Европската унија, земјите од Шенген, трети земји кои престојуваат во Португалија и дипломати акредитирани во земјата кои, прекршувајќи го условот, се примени на летот без негативен тест за PCR, ќе бидат упатени по пристигнувањето од надлежните органи да напшраат тест на своја сметка на аеродромот, каде треба да го чекаат резултатот. Тие, исто така, носат административна и кривична одговорност за повредата, според португалскиот закон.

Патниците кои пристигнуваат во Португалија со летови од земјите-членки на ЕУ или земјите од Шенген зоната со повеќе од 500 случаи на инфекција со Ковид-19 на 100.000 луѓе во последните 14 дена (Чешка, Словенија, Шпанија, Естонија и Летонија), покрај обврската негативен тест за PCR направен до 72 часа пред да се качат, подложат на задолжителен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Португалија. Исклучок од задолжителниот карантин се прави само за итни патувања и престој во земјата не подолго од 48 часа, докажано со повратен билет.