Кандидатот за претседател на САД на Демократската партија Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен што претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември, но е уверен дека војниците ќе го изнесат од Белата куќа, доколку тој изгуби и одбие да го признае резултатот.
– Ме загрижува многу: претседателот ќе се обиде да ги украде изборите, рече Бајден.
Тој не прецизираше како републиканскиот кандидат Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот потпретседател потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на гласањето по пошта и најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња.
Бајден рече дека коментарите на поранешни воени команданти, кои го критикувале одговорот на Трамп на протестите против полициската бруталност, го убедиле дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп не ги признае резултатите од изборите.
– Апсолутно сум убеден дека тој експресно ќе биде изведен од Белата куќа, рече Бајден
Comments are closed for this post.