Хакери на интернет објавиле лични податоци на стотици германски политичари од различни партии, пренесуваат ДПА и ТАСС. Меѓу нив е и канцеларката Ангела Меркел, чии податоци-имеил адреса, број на факс и писма од и до неа протекле на Твитер.

Податоците за политичарите објавени на Твитер вклучуваат информации за кредитни картички, адреси, броеви на мобилни телефони, лични писма и копии од лични карти. Нема потврда дали сите податоци се вистински. Идентитетот и мотивите на хакерите засега се непознати.

ДПА забележува дека од хакерскиот напад се засегнати сите парламентарни партии, освен Алтернатива за Германија. Портпарол на парламентарната група на „левицата“ вели дека лидерот на партиската фракција во Бундестагот, Дитмар Барч, бил лично засегнат.

Министерката за правда, Катарина Барли, го осуди истекувањето на податоците, што го именува како „сериозно“ и атак врз германската демократија.

Извршителите на нападот сакаат да ја нарушат довербата во демократијата и нашите институции, рече таа и подвлече дека тие треба да бидат откриени за да ги објаснат своите мотиви за стореното, рече таа.