Маж кој се сомничи дека е водач на вооружената група за која властите во Шри Ланка тврдат дека ги извела бомбашките напади за Велигден загинал во експлозија во хотелот „Шангри-Ла“, еден од шесте хотели и цркви нападнати со насилство, во кои убиени се најмалку 250 луѓе, соопштуваат тамошните власти.

Полицијата објави на својот официјален Твитер профил дека Мохамед Захран, водач на локалната екстремистичка група „National Thowheed Jamath – NJT“ познат по екстремистичките говори на социјалните мрежи, загинал во еден од деветте самоубиствени бомбашки напади.

Мохамед Захран, водач на локалната екстремистичка група „National Thowheed Jamath“

Исто така е соопштено дека полицијата уапсила човек за кој се смета дека е втор во ланецот на командната група.

Се наведува дека истражителите утврдиле дека воената обука на напаѓачите ја обезбедила група наречена „Војска Мохинден“ и дека наоружувањето е набавено надвор од државата и од некои локации од источните покраини на Шри Ланка.