Научник кој ги проучува јавните извештаи за раните случаи на корона во Кина објави дека претходната истрага на Светската здравствена организација веројатно направила грешка во раната хронологија на пандемијата.

Новата анализа сугерира дека првиот познат пациент со корона вирусот бил продавач на голем пазар за животни во Вухан, а не сметководител кој живеел стотици милји подалеку, пишува Њујорк Тајмс, кој оваа вест ја пренесува како ексклузивна.

Извештајот објавен во четвртокот во престижното списание Science ќе ја оживее, иако сигурно нема да ја реши, дебатата за тоа дали пандемијата започна со ширење на вируси од диви животни што се продаваат на пазарот на луѓето, што е истекување од лабораторија за вирусологија во Вухан или на друг начин.

Потрагата по потеклото на најголемата јавно-здравствена катастрофа на векот предизвика геополитички битки, а во последните месеци се појавија неколку нови факти кои се занимаваат со ова прашање.