Жителите на Нова Каледонија одбраа да останат Французи,изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по објавувањето на прелиминарните резултати од референдумот за независност на Нова Каледонија од Франција.

Излезноста е 57 проценти, а од нив 80 насто гласале против.

Нова Каледонија е високо автономна област која од Франција добива субвенции од 1,3 милијарди евра годишно.

Нова Каледонија е   француска прекуморска територија во Тихиот Океан. Островите кои ја сочинуваат Нова Каледонија се наоѓаат во Јужниот Пацифик.