Во невремето што изминатава седмица ја погоди Италија загинаа најмалку седум луѓе. Најголеми проблеми предизвика екстремно силниот ветер што, според податоците на здружението на италијанските произведствени компании, откорнал околу 14 милиони стебла.

Но, ветерот предизвика огромни проблеми и во сите приобални места каде што создаде огромни бранови. Таквите високи бранови, пак, во околината на Џенова, во областа Лигурија, беа причина за судар меѓу два масивни луксузни прекуокенски туристички бродови.